Дома Македонски спорт Ѓорѓиевски: Ќе дадам се од себе да ја продолжам голгетерската серија и да ја израдувам Македонија!

Ѓорѓиевски: Ќе дадам се од себе да ја продолжам голгетерската серија и да ја израдувам Македонија!

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари против Украина и Франција за пласман на Европското првенство.

Напаѓачот на Шкупи и член на селекцијата на Македонија до 21 година, Марко Ѓорѓиевски игра во одлична форма, постигна неколку битни голови за националниот тим, и се надева дека голгетерската серија ќе ја продолжи на следните два квалификациски меча.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го одработивме денеска тренингот комплетно сите фудбалери кои сме повикани во националниот тим за претстојните натпревари. Знаеме многу добро против кои селекции играме, ги познаваме нивните квалитети многу добро, очекуваме две тешки средби, ќе биде потребна голема пожртвуваност од наша страна, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Прво треба максимално да се посветиме на првиот натпревар против Украина. Потребен ни е ист пристап и смиреност, како на претходниот дуел со Ерменија. Знаеме кои се нашите задачи, доколку се придржуваме до тоа што го бара од нас селекторот, мислам дека нема да имаме проблем. Се наоѓам во одлична форма, постигнав гол и на мечот со Ерменија и со Фарски Острови, ќе дадам се од себе за ја продолжам голгетерската серија и да ја израдувам Македонија.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, првиот меч го играат со Украина, на 11. Ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски”. На 16. ноември, на Националната арена „Тодор Проески” гостува моќната селекција на Франција.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…