Дома Останати Тенис Ѓорческа ќе игра за полуфинале во Србија

Ѓорческа ќе игра за полуфинале во Србија

Победа од 2-1 во сетови (36 62 63) постигна најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во мечот од третото коло на фјучрсот во Куршумлијска бања во Србија против домашната тенисерка 17-годишната Миа Ристиќ. Лина уште еднаш со пресврт стигна до триумфот исто како и во претходната рунда кога ја победи Унгарката Јани. Денешниот меч траеше 1 час и 46 минути.

Првиот сет го доби Ристиќ откако почетокот на мечот мина со неколку брејка за секоја од тенисерките. Ристиќ водеше со 3:1 и 5:2 и сетот го доби со 6:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во следниот сет Ѓорческа беше тенисерката со повеќе реализација и со 6:2 во гемови изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 2:0 и 3:1, но потоа Ристиќ изедначи на 3:3. Сепак до крајот на мечот со серија од три гема Ѓорческа го доби сетот со 6:3 откако во последните три гема имаше скор од 12:1 во освоени поени.

Македонската тенисерка имаше 4 ас сервиси, со 6 двојни сервис грешки и реализациа на брејк топки 7/11.

Утре во четвртфиналето противничка ќе и биде Французинката Лоа Буасон, која денеска ја победи Ника Радишич од Словенија со 2-0 во сетови (64 62). Буасон има 20 години и се наоѓа на 427 место на ВТА листата, а на турнирот играше и квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…