Дома Македонски спорт Ѓорческа со пораз и победа го почна „фјучрсот“ во Италија

Ѓорческа со пораз и победа го почна „фјучрсот“ во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пораз во поединечна конкуренција и победа во двојки го почна настапот на фјучрсот во Италија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Во поединечна конкуренција Ѓорческа која беше рангирана како прва носителка во првото коло е поразена од 17-годишната тенисерка од Русија Олесија Первушина со 2:0 во сетови (7:6 (7:3) и 6:4). Ѓорческа загуби по 1 час и 49 минути игра. Нејзината противничка денеска го прослави 17.тиот роденден.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во игра на двојки мечот траеше исто така 1 час и 49 минути. Ѓорческа и Американката Бернарда Пера ги победија Софија Ковалец (Украина) и Кристина – Андреа Миту (Романија) и притоа спасија четири меч топки во решавачкиот сет. Првиот сет со 7:6 во гемови и 7:3 на поени го добија противничките, а во вториот сет беше 6:4 во гемови за Ѓорческа и Пера.

Во решавачкиот сет противничките имаа водство од 9:5 на поени, а сетот заврши со 11:9 на поени за Ѓорческа и Пера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…