Најдобриот светски тенисер во овој момент, Новак Ѓоковиќ зборуваше за своите цели во текот на оваа година, а во фокусот ги стави Олимписките игри.
Српскиот тенисер се надева дека ќе успее да дојде до златен медал со Србија ова лето во Париз, но затоа дефинитивно ќе мора да ја поткрене својата форма која во овој момент не е на највисоко ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Олимписките игри се приоритет за мене. На последните три или четири игри не стигнав до финалето, но сега ситуацијата е поинаква. Ова ќе бидат првите игри на земјена подлога и сакам да бидам максимално подготвен“, кажа Ѓоковиќ.
Иако е лидер на АТП листата, впечаток е дека Ѓоковиќ во 2024 година не е така убедлив против ривалите, а Јаник Синер кој сега е второпласиран сериозно му се заканува да го симне од тронот.