Новак Ѓоковиќ е веројатно најдобриот тенисер на сите времиња без разлика дали тоа некој ќе го оспори и не, бројките и титулите се јасен показател. Но, Србија веќе има нов бисер на кој може да се надева дека во иднина ќе победува на тениските терени.
Имено, Хамад Меџедовиќ го освои „АТП NextGen“ турнирот и тој е еден од најголемите таленти во светот на својата генерација. Сепак, Меџедовиќ неамло можеби да биде на ова ниво ако нема помош од Новак Ѓоковиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таткото на Хамад, Елдин откри дека неговиот син има целосна поддршка од Ѓоковиќ и не само морална, туку и финансиска.
„Веднаш го препозна талентот на Хамад и разговаравме околу тоа што треба да направи за да се развива во вистинска насока во иднина. Даде најразлични идеи, меѓутоа јас го прекинав и отворено му кажав: Ноле, извини, но за тоа требаат мнгоу пари, а ние ги немаме…Тој само продолжи да зборува и на крајот кажа: На Хамад е да тренира, за другото јас ќе се грижам…“
Тогаш во таа цела 2021 година сите тренери, патувања, хотели, физотерапевти, масери…се што треба за еден тенисер било покриено од Ѓоковиќ што секако многу значело за младиот Хамад.
„Можете ли да замислите најдобриот во светот да биде до вас и да ви дели совети? Тоа е како едно дете кое игра фудбал цело време до него да ги има Меси или Роналдо“.
За возврат Ѓоковиќ побарал само една работа.
„Разговаравме тогаш и ми кажа: Едо, јас ова не го правам за пари, би заработил на друго место. Каков човек би бил ако не помогнам на другите посебно на децата кои тоа го заслужуваат и имаат одлични резултати. Вака ќе направиме…Би сакал само да ми ветиш дека еден ден кога Хамад ќе успее вие ќе земете некого и на ист начин на кој јас му помагам вас вие ќе му помогнете нему“, раскажа таткото на Хамад.