Дома Останати Ѓоковиќ триумфира во Торино и испиша нова историја

Ѓоковиќ триумфира во Торино и испиша нова историја

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ по седми пат е шампион на завршниот мастерс, со што испиша нови страници од тениската историја.

Денеска во финалето во два сета Ѓоковиќ беше подобар од Јаник Синер – 6:3, 6:3 и со тоа зад себе го остави Роџер Федерер со шест титули, а по нив следат Пит Сампрас и Иван Лендл со пет трофеи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот ќе добие награда од 2,2 милиони долари за победата во финалето, како и 4,41 милион долари за одличните настапи во изминатите денови.

„На 36 години е тешко да се направи тоа. Одлучноста даде резултати, многу сум благодарен на мојот тим кој сега е тука со нас. Сакам да кажам едно, Јаник е Италијанец кој играше овде во Торино, имав таква поддршка во оваа земја, тоа е неверојатно. Ви благодарам многу за сѐ. Во Рим или овде, секогаш е спектакл. Многу луѓе се секогаш тука за да ги гледаат најдобрите тенисери во светот. Очигледно сум многу среќен што сум тука и што играм пред вас“, истакна Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…