Новак Ѓоковиќ со 3-1 го совлада Рубљов и се пласираше во полуфинале на Вимблдон каде ќе игра против Синер.
По израмнетиот почеток на мечот, Рубљов направи брејк за 5:4 и за освојување на првиот сет, но само го направи мечот поинетресен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѓоковиќ немаше проблеми во вториот сет и лесно го доби со 6:1, а третиот сет беше израмнет и највозбудлив. Русинот не искористи пет брејк топки, а Србинот знаеше да казни и го доби сетот со 6:4.
Во последниот сет Ѓоковиќ беше надмоќен и го доби со 6:3 за ново полуфинале, 12-то на Вимблдон.