Новак Ѓоковиќ после повредата и операцијата на лактот минатата година се врати на голема врата.
После маките во последните неколку месеци и поразите во раните фази од турнирите конечно се покажа во најдобро светло и го освои овогодинешниот Вимблдон, четврти пат во својата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Ѓоковиќ ова беше 13-ти Гренд слем во кариерата, а исто така и повторно се врати во топ 10 тенисери во светот.
Ѓоковиќ со емотивно писмо се обрати до своите фанови и целата јавност.
„Драго семејство и пријатели, ви го пишувам ова помеѓу паузата на менување пелени и читање книги за диносаурусите. Би сакал да споделам со сите вас како се чуствував во текот на овогодинешниот Вимблдон кој на крајот го освоив. Би сакал да започнам со тоа како се чуствував кога на доделувањето на пехарот го видов својот син со Јелена на трибините. Тоа дефинитивно беше најубавото чуство во целата моја кариера. Кога станав татко, најголем сон му беше моите деца да бидат таму кога ќе го подигнувам пехарот, што ми се оствари пред неколку дена. Сите ме прашуваат колку тоа ми значеше. Волшебно би било веројатно најдобриот опис за тоа како се чуствувам. Кога помислив дека не може да биде подобро, тој викна „Тато! Тато!“. Во тој момент целосно се растопив. Ме преплави неверојатно чуство на среќа. Неизмерно сум му БЛАГОДАРЕН што ми дозволи да почуствувам такво нешто. Замислував и се молев еден ден да освојам Грен слем пред своето дете. За среќа, Тара многу брзо расте и со нетрпение чекам и таа биде на трибините, токму како Стефан. Пред да станам сопруг и татко, мојот цел живот скоро и да беше посветен на тенисот. Но, мојот свет еволуираше кога се променија и моите животни улоги. Нема да кажам дека се промени, туку стана неизмерно поубав. Секако тука и се дополнителните секојдневни одговорности, но тоа во вас ослободува љубов и енергија за која воопшто и не сте знаеле дека ја поседувате. Но, не ви е баш се јасно веднаш кога ќе станете татко. Мораше некое време да учиш и да бидеш отворен за се со цел да го постигнеш тој златен животен баланс кој сите го сакаме. За мене тоа беше баланс помеѓу тенисот, приоритетите и семејството, сопругата ми беше неизмерна поддршка“
„Еден ден детално ќе ви опишам за проблемите со кои соочував во времето кога не бев на своето ниво. Секогаш максимално сум ги почитувал луѓето кои се спремни со вас да ги споделат најранливите моменти со цел да пронајдат некоја нова сила. Јас бев страшно ранлив во последната година и се уште сум, не ми е срам да го кажам тоа“.
„Ве сакам вас, го сакам тенисот, го сакам живот. П.С Вимблдонската трева повторно имаше одличен вкус. Јас би додал уште мало авокадо и би била совршена“, стои помеѓу другото во писмото од Новак.