Новак Ѓоковиќ прескокна уште една пречка на Австралија Опен, меѓутоа како и во првото коло и денес против домашниот тенисер Алексеј Попирин загуби еден сет (3:1).
Почетокот на мечот донесе возбудувања и голема борба на двајцата тенисери. На теренот изгледаше дека 12 години помладиот тенисер има решение за секој налет на најдобриот во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѓоковиќ во осмиот гем успеа да ја освои првата брејк топк и да поведе со 5:3, веќе во следниот сет го потврди брејкот и поведе со 1:0. Во вториот сет Ѓоковиќ се соочи со поголеми проблеми, а беше очигледно дека темпото во неговата игра спласна. Попирин знаеше да ја искористи таа ситуација и со два брејка дојде до изедначување на 1:1.
Освоениот сет донесе дополнителна мотивација кај Попирин во третиот сет, Ѓоковиќ не успеваше да дојде до брејк топка и во десетиот гем гледавме вистинска драма. Ѓоковиќ на свој сервис ги загуби првите три поени и Попирин доби можност за брејк, сепак шампионот успеа да се врати и подоцна да го добие тај-брејкот со 7:4.
Во четвртиот сет едноставно Попирин немаше никакви шанси, Ѓоковиќ заигра онака како што се очекуваше и го освои сетот со 6:3 за 30-та победа во низа на Австралија Опен и 91. вкупно во кариерата.