Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Дубаи победувајќи го Талон Грикспор 2:0 (6:2, 6:3).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ по победата против Грикспор кажа дека е свесен за новата генерација талентирани тенисери, но не се плаши.
„Дефинитивно беше подобар квалитет на тенис. Можеби последните три или четири натпревари не беа најдобри, но најдов начин да го затворам натпреварот. Задоволен сум од играта, се надевам дека работите одат во добра насока. Новата генерација доаѓа, но јас не се плашам. Одиме понатаму како и досега“, изјави Ѓоковиќ.