Новак Ѓоковиќ славеше против Дино Прижмиќ со 3-1 во сетови, а по натпреварот му даде комплименти на помладиот ривал.
Прижмиќ му пружи голем отпор на Ѓоковиќ, му зеде еден сет, а на Србинот му требаа повеќе од 4 часа за да дојде до победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По мечот Ѓоковиќ имаше гест за почит и побара подолг аплауз за 18-годишниот Хрват, па специјално го пофали.
„Прижмиќ заслужи аплауз, тој е млад тенисер и го очекува убава иднина. Ме натера да трчам четири часа. Покажа дека е неверојатен и има одлична одбрана“, кажа Ѓоковиќ.
Class from Djokovic asking the crowd to show their appreciation for Prizmic at the end of the match. #AusOpen pic.twitter.com/fbock9EWBb
— Jimmy Sideras (@jimmy_sid1) January 14, 2024