Дома Останати Ѓоковиќ се врати во Топ 3, може до првото место на АТП уште следниот месец!

Ѓоковиќ се врати во Топ 3, може до првото место на АТП уште следниот месец!

Новак Ѓоковиќ на импресивен начин се врати после повредата и после Вимболдон синоќа го освои и УС Опен, негов 14-ти Грен Слем во кариерата.

Ѓоковиќ за само неколку месеци успеа да се искачи од најлошата позиција во последните 12 години од неговата кариера до третото место на АТП листата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По вчерашната победа, Новак има 6.445 бодови, односно 455 помалку од второпласираниот Федерер, односно 2.315 помалку од моменталниот лидер, Рафаел Надал и може да се врати на врвот на АТП листата уште по турнирот во Шангај.

До крајот на сезоната има уште четири големи турнири: Пекинг (500), Шангај (1.000), Париз (1.000) и завршниот турнир во Лондон (1.000). Тоа значи дека остануваат уште 4.000 потенцијални бодови.

Ѓоковиќ е единствен кој не брани бодови од претходната сезона. Федерер до крајот на сезоната треба да одбрани 2.100 бодови, додека Рафаел Надал треба да одбрани 1.280 бодови. Токму поради тоа Србинот е во одлична позиција за напад на првото место на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Олимпискиот оган тргна кон Париз! 🎥

На свечена церемонија денеска во античка Олимпија беше запалена оганот кој тргна кон Париз…