Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ наводно размислувал да го остави тенисот и да замине во пензија после големите проблеми со повредата на лактот.
Болката во десниот лакт го одвои Ѓоковиќ скоро една година од терените, после шест месеци неуспешна пауза, операцијата беше неопходна, но нови проблеми го стигнаа на турнеата во Америка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, Новак испаѓаше уште на стартот и според зборовите на поранешниот италијански играч, Филип Воланди размислувал да се пензионира.
Неколку месеци подоцна потврда дека Новак донел добра одлука кога продолжил да игра е освоената титула на Вимблдон.
„Беше тоа навистина остварување на сонот, посебно кога ќе помислите дека после Мајами го собра тимот и им кажа – „Гледајте, ајде да разговараме со спонзорите бидејќи не знам дали сакам да продолжам да играм“. Навистина размислуваше да го остави тенисот“.
„За тоа разговарав со Фабио Фоњини пред неколку дена, но знаевме дека ако добие два тешки меча на највисоко ниво ќе си ја врати самодовербата. Не очекувавме да го освои Вимблдон, но после дуелот со Кајл Едмунд во третото коло видовме Ѓоковиќ кој многу напредувал“, изјави Воланди.