Дома Останати Ѓоковиќ: Сега сум во подобра умствена состојба

Ѓоковиќ: Сега сум во подобра умствена состојба

Новак Ѓоковиќ, пред стартот на турнирот во Акапулко, изјави дека ќе мора брзо да се навикне бидејќи нешто подоцна пристигна во Мексико.

„За мене е важно да чувствувам радост додека играм, ако не чувствувам љубов и страст, тешко е да се игра, тешко е да се направи било што во животот без страст. Затоа сум јас привилегиран, бидејќи можам да играм тенис, спортот кој отсекогаш сум го сакал. Во минатите шест-седум месеци минував низ осцилации, беше таков период во животот, резултатите не ми беа на нивото од последните три-четири години“, изјави Ноле и додаде:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сепак, тоа е животот, и јас сум само човек – склон сум на правење грешки и можат да дојдат не така добри моменти. Сè на сè, чувствувам дека сум во подобра умствена состојба отколку на крајот од минатата година – продолжувам понатаму, го сакам овој спорт и се надевам дека можам да останам здрав и да бидам најдобар што можам“.

На првиот тренинг од Ѓоковиќ централниот терен беше полн, скоро 4.000 луѓе се собраа да го гледаат тренингот.

„Ова ми е прв пат во Мексико и немам често искуство како на тренингот во неделата, така што сакам да им се заблагодарам на сите кои дојдоа да ми посакаат добредојде, да гледаат како тренирам и да ми даваат неповратна енергија. Ќе се обидам да се  хранам со таа енергија и да играм најдобро што можам. Слушнав многу убави работи за овој турнир, сè поголеми имиња има на него во последните три-четири години, мило ми е што одбрав да дојдам“, призна Новак.

Новак сезоната ја почна со титула во Доха, а потоа испадна во второто коло во Мелбурн.

„Долго не сум искусил пораз во првата недела на Австралија Опен, имав среќа таму долго да бидам успешен, освоив шест титули. Но, како што реков, нормално е и очекувано е да дојде период кога не играш најдобро што можеш. Секогаш може повеќе да се научи од поразите, размислуваш за нештата кои си ги направил погрешно и се обидуваш да напредуваш за во иднина. Некогаш, кога победуваш, не се обѕирнуваш на стварите на кои можеби треба повеќе да поработиш. Си мислиш дека сè е сјајно, а можеби не е. Се обидувам да гледам на стварите од позитивната страна“.

После Акапулко, Ѓоковиќ ќе ги брани титулите во Индијан Велс и Мајами, а потоа следи сезонскиот шлаг заклучно со Ролан Гарос. Во првата рунда Новак се соочува со Мартин Клижан, а во втората најверојатно ќе го чека Хуан Мартин дел Потро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…