Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настапот на Австралија Опен.
Ѓоковиќ го „брка“ рекордот кој го држи Надал со најмногу титули на Грен слем турнирите. Пред настапот Новак не ги криеше своите амбиции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам да сум најдобар, затоа и играм се уште тенис. Сакам да ги освојам најголемите турнири. Има четири Грен Слема и тоа се најголемите турнири во историјата.
Една од главните причини поради кои сакав да се вратам во Австралија е мојот успех тука. Уживам да бидам на „Род Лајвер Аренатаз“. Имав многу успеси тука, се надевам може така да продолжам“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ минатата година беше депортиран од Австралија откао не доби виза и не му беше дозволен престој во земјата.