Најдобриоит светски тенисе Новак Ѓоковиќ по пет години пауза повторно ќе настапи на Индијан Велс, турнир кој започнува од 6. март и се игра до 17. истиот месеци.
Поради пандемијата и сите забрани кои ги имаше Ѓоковиќ бидејќи одбиваше да се вакцинира пет годинине играше во САД. Ѓоковиќ на Индијан Велс има пет титули, колку што и Федерер, а оваа година ќе има можност да го престигне.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега Ѓоковиќ откри и дека турнирот во Индијан Велс е негов омилен.
„Во Индијан Велс последен пат играв во 2019 година, а сега е дури 2024, навистина долг период да не бидам дел од веројатно мојот најомилен турнир. Со нетрпение чекам да излезам пред најдобрите навивачи што ги имаме во спортот“, порача Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ сезонава последен пат играше на Австралија Опен каде што во полуфиналето беше запрен од освојувачот на турнирот, Јаник Синер.