Новак Ѓоковиќ конечно после повредата одигра меч онака каков што неговите фанови очекуваат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ во денешниот натпревар од првото коло во турнирот во Монте Карло славеше победа од 6:0 и 6:1 против својот сонародник Душан Лајовиќ.
Некогаш најдобриот тенисер на АТП листата по мечот не го криеше своето задоволство поради победата.
„Навистина сум среќен што победив тука. Задоволство ми претставување играњето во ова место, жител сум на овој град, тренирам на овие терени и поради тоа се чуствувам како дома“, порача Новак по победата.
Не го избегна и прашањето за случувањата во неговиот стручен штаб.
„Зад мене е тежок период и поради тоа сум среќен што Марјан е повторно во мојот тим“, изјави Ѓоковиќ.