Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по победата во финалето го откри и неговото тајно оружје

Ѓоковиќ по победата во финалето го откри и неговото тајно оружје

Прегратката на Новак Ѓоковиќ и неговата ќеркичка Тара веднаш по триумфот на УС-Опен го обиколи светот и овој момент воодушеви многумина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот Ѓоковиќ беше запрашан да ја објасни оваа емотивна прегратка, а Ѓоковиќ во тој момент откри една негова тајна.

„Во текот на целиот меч гледав што прави Тара. Седеше во првиот ред, свртена кон мене и се насмевнувавме неколку пати еден на друг. Има само шест години, но ми ја даде потребната енергија во моментот кога требаше да ја имам таа разиграност.

Затоа прво што направив е што отидов кај неа. Се разбира таа ми е ќерка, но и зошто таа најмногу ми помогна на овој натпревар. Ја сакам многу и имајќи ја неа, мојата сопруга, синот Стефан и родителите – ја почувствував поддршката и љубовта од сите нив. Дефинитивно ова е и нивни трофеј“, порача Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…