Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по новиот пораз: Морам да признаам, тешко ми е

Ѓоковиќ по новиот пораз: Морам да признаам, тешко ми е

djokovic

Новак Ѓоковиќ по операцијата на лактот никако да се врати во старата форма, Србинот не е ниту приближно добар како во најдобрите денови.

Денес во второто коло од турнирот во Барселона беше елиминиран од 140-тиот тенисер на АТП листата, Мартин Клижан.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


По поразот Ѓоковиќ излезе на прес-конференција за медиумите.

„Не ги исполнив очекувањата, ниту моите, ниту на навивачите и жалам поради тоа. Навистина ова тешко, но нема да се откажам ќе продолжам да се обидувам да се вратам. На тренинзите можете да давате максимум, но натпреварите се нешто друго. Единствената работа која можам да ја направам во овој момент е да бидам трпелив. Со напорна работа можеби ќе успеам да се вратам“, изјави Ѓоковиќ.

За Ѓоковиќ ова беше петти пораз во последните седум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер освои награда која Ѓоковиќ никогаш не ја добил во кариерата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја доби наградата за омилен играч на публиката за 2024 г…