Дома Останати Ѓоковиќ потврди: Го оперирав лактот

Ѓоковиќ потврди: Го оперирав лактот

djokovic

Она што го тврдеа Швајцарците се покажа како точно, Новак Ѓоковиќ направил операција.

Ѓоковиќ до самиот крај се обидуваше да го избегне зафатот кој сепак изгледа бил неминовен. Посебно бидејќи докторите го предупредиле дека доколку не ја санира повредата и сега веќе хроничниот проблем со лактот би можело тоа да му ја загрози неговата кариера.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Јавноста Новак ја извести преку својот Фејсбук профил, но не прецизираше колку време ќе паузира.

„Драги мои, би сакал со вас да ги споделам вестите за моето опоравување. Веќе две години, колку што сум повреден добивав различни дијагнози, мислења, препораки што да правам…Морам да признаам дека ми беше тешко да се одлучам што да направам, токму поради тоа што различни доктори ми дава различни мислења. Паузирав шест месеци и бев сигурен дека тоа ќе биде доволно да се опоравам, но после сите терапии и паузата и понатаму чуствував болка“.

„Се обидов да се натпреварувам на Австралија Опен, ми недостасуваше борбата на теренот и затоа морав да сео бидам. Се договорив со мојот тим дека после турнирот ќе се обидеме со поинакви методи. Поради тоа пред неколку дена во Швајцарија имав медицинска интервенција на лактот. Изгледа дека сум на добар пат да се опоравам, но треба да знаете дека ова е навистина голем предизвик. Секогаш се трудев на најдобар начин да се грижам за себе и токму поради тоа се одржував толку години на високо ниво. Размислувам позитивно и се надевам на брзо опоравување и враќање на теренот“, напиша Ѓоковиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…