Дома Останати Тенис Ѓоковиќ поради казната на АТП за Вимблдон може да падне дури на третата позиција!

Ѓоковиќ поради казната на АТП за Вимблдон може да падне дури на третата позиција!

Светската тениска асоцијација (АТП) оваа сезона нема да смета бодови на Вимблдон како казна одлуката на организаторите да не дозволат настап на руски и белоруски тенисери.

Уште во април Вимблдон објави дека поради ситуацијата во Украина нема да дозволи настап на тенисерите од Русија и Белорусија, а сега стигна казната од АТП. Ваквата казна најмногу може да влијае на Ѓоковиќ кој е во опасност да го изгуби првото место.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѓоковиќ ќе ги изгуби 2.000 бодови затоа што минатата година го освои турнирот, а неговите ривали Зверев и Медведев ќе загубат само по 180 бодови. Ако веднаш бодовите бидат одземени Медведев ќе биде лидер со 7.800 бодови, Зверев втор со 6.895, а Ѓоковиќ трет со 6.660 бодови.

Но, мора да се потсети дека и многу работи ќе зависат од Ролан Гарос каде што Ѓоковиќ ќе ја брани титулата. На овој турнир лани Медведев стигна до четвртфиналето, а Зверев настапот го заврши во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…