Новак Ѓоковиќ вчера се појави на трибините на натпреварот на Црвена Звезда против Валенсија во кој црвено-белите успеаа да слават победа и така ги задржаа шансите за плеј-офот.
Ѓоковиќ помеѓу четвртините и после натпреварот се сликаше со многу луѓе, српскиот тенисер мирно ги чекаше и делеше автограми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа беше забележана и ситуација во која Ѓоковиќ на едно момче му дава 100 евра. Следуваа многу коментари за моментот кој Ѓоковиќ се обиде да биде незабележан, но подоцна е откриено за што станувало збор.
„Момчето со друштвото во близина на салата ја пронајде платежната картичка на Ѓоковиќ. Обезбедувањето во салата дозволи на групата дојде до паркетот и даму ја врати. Новак се израдува и срдечно ги поздраво, па во знак на благодарност му подари 100 евра на момчето“, објави новинарот на српски „Курир“ кој присуствувал на тие моменти.
Frenzy over Novak at halftime. #Djokovic pic.twitter.com/OEUnMuqkaX
— Saša Ozmo (@ozmo_sasa) March 29, 2023