Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со проблем затоа што нема примено вакцина за ковид-19. Како што стојат работите Ѓоковиќ нема да може да настапи на турнирте во Соединетите Американски Држави.
Станува збор за мастерс-турнирите Индијан Велс и Мајами, а Ѓоковиќ нема да може да настапува затоа што локалната администрација ги продолжи мерките поради новиот бран на коронавирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според мерките секој човек кој од странство ќе сака да влезе во овие области мора да има примено вакцина.
Турнирите се играат во месец март. Првиот е на 8-ми, а вториот на 22-ри март. Во овој момент не е познато дали Ѓоковиќ би можел да биде исклучок во мерките.