Дома Останати Тенис Ѓоковиќ побара промени во тенисот: Погледнете како е во НБА

Ѓоковиќ побара промени во тенисот: Погледнете како е во НБА

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ зборуваше за распределбата на финансиските средства во тенисот и побара да се помагаат послаборангираните тенисер.

Ѓоковиќ смета дека треба да се пронајде модел по кој сите тенисери би добивале помош за да можат да напредуваат во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бев и самиот во позиција на играч кој се бори да го добие своето место и добро знам каква е таа борба. Знам колкави се проблемите со трошоците за патувања на турнири, тешко е ако немате поддршка од федерацијата. Буџетите за плаќање физиотерапевти и тренери се мали. Тенисери кои се во топ 500 имаат проблем да си дозволат тренер, да не зборуваме за поголем тим.

Новак ја спореди ситуацијата во тенисот со НБА лигата.

„Би сакал кога имам моќ и влијание да зборувам за тоа. Само помалку од 500 тенисери живеат од овој спорт. Тоа е лошо и голем неуспех за еден глобален спорт. Ако сте во НБА вие имате загарантирана заработка дури и да не играте. Средени ви се основните работи како тренер, облека, патувања, дом…Можете да се посветите комплетно на тренинзите, во тенисот тоа не е случај“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…