Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на мастерс турнирот во Синсинати.
Српскиот тенисер славеше во мечот со Алехандро Давидовиќ-Фокина кој го предаде мечот на почетокот на вториот сет. За Ѓоковиќ ова беше прв меч на американска територија по пауза од две години, па откри и од што посебно бил изненаден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Има некои позитивни, но и негативни работи. Веројатно ќе ми биде потребно одредено време да влезам во ритам. Бев изненаден колку топката е брзо и колку брзо лета низ воздухот. Потешко е да се контролира, вака беше на централниот терен. Не знам како е на другите“, изјави Ѓоковиќ.
Следен противник на Ѓоковиќ на турнирот ќе биде Гаел Монфис против кого во кариерата играше на 18 натпревари и го победи на сите.