Новак Ѓоковиќ испиша историја во тенисот и освои многу титѕули, а сега влегува во нова мисија против напорниот распоред и големиот број турнири во текот на сезоната.
Српскиот тенисер пред неколку години основа организација под името ПТПА која ги застапува правата на тенисерите низ светот и се обидува да ја подобри положбата на тенисерите кои не се во врвот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тенисерите во последно време се жалат на густиот распоред, па Србинот ќе се обиде да го реши тој проблем. Според информаиците Ѓоковиќ преку својата организација ангажирал и адвокати.
„ПТПА ангажираше адвокатски фирми со цел да ја смени структурата на тенисот. Главната поента на оваа акција е тоа што еден просечен тенисер работи премногу, а има премали примања за стандардот ширум светот. Ќе се обидат одвнатре да направат револуција“, пишува британскиот „Телеграф“.
Помеѓу тенисерите кои се жалеа на распоредот беше и Шпанецот Карлос Алкараз.