Дома Тенис Ѓоковиќ од денес трет тенисер на АТП листата, Медведев застана на тронот

Ѓоковиќ од денес трет тенисер на АТП листата, Медведев застана на тронот

Новак Ѓоковиќ од денес и официјално не е прв тенисер во светот.

После сите проблеми предизвикани со невакцинирањето против коронавирусот, исфрлувањето од Австралија Опен, забраната за влегување во САД поради што ги пропушти Индијан Велс и Мајами на Ѓоковиќ почна сериозно да му се „тресе“ тенискиот трон.

Поразот од Надал на Ролан Гарос значеше крај на неговото владеење, а денес тоа е потврдено на новата АТП листа.

После 373 поминати недели на Ѓоковиќ го препушти врвот на Данил Медведев, второ место е Германецот Саша Зверев, додека Србинот е трет играч во светот.

Зад Ѓоковиќ се наоѓа Рафаел Надал, па пото во топ 10 се уште: Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз, Андре Рубљов, Феликс Оже-Алијасим и Матео Беретини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…