Дома Останати Тенис Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот.

Најдобриот светски тенисер досега четири пати го освојуваше ова престижно признание (2012, 2015, 2016 и 2019), а покрај тоа бил номиниран и уште трипати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата година „Лауреус“ наградата ја освои Лионел Меси, додека рекордер е Федерер кој до него стигнуваше пет пати.

Конкуренти на Ѓоковиќ за овогодинешниот „Лауреус“ се атлетичарите: Мондо Дуплантис (Шведска) и Ноа Лајкс (САД), формула 1 возачот Макс Ферстапен (Холандија), како и фудбалерите Ерлинг Халанд (Норвешка) и Лионел Меси (Аргентина).

„Воодушевен сум што повторно сум номиниран за светски спортист на годината. Оваа награда ја освојував четирипати и секоја беше многу посебна и незаборавна на свој начин. Ова е чест поголемо од било која друга, бидејќи академијата „Лауреус“ е таа која ја носи одлуката и тие знаат како е да се дојде на врвот во некој спорт, меѓутоа и што е потребно за да се остане таму“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…