Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи во Австралија на првиот гренслем турнир во сезоната.
Настапот на Ѓоковиќ привлекува посебно внимание поради се што му се случуваше во Австралија минатата сезона поради ковид рестрикциите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата година Ѓоковиќ помина неколку дена во Австралија каде што му се случуваа разни работи, а на крајот беше депортиран.
„Нема да ги заборавам никогаш тие настани, секогаш ќе останат длабоко во мене. Мислам дека никој човек не би можел да ги заборави. Претходно не сум се соочил со такво искуство, се надевам нема да имам повторно. Депортацијата не ја заборавив, но сепак ја сакам Австралија“, изјави Ѓоковиќ.
Во Мелбурн Ѓоковиќ девет пати го освојуваше пехарот и оваа година ќе се обиде да стигне до својот десетти.