Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера со победа го стартуваше турнирот во Женева. Српскиот ас славеше против Јаник Ханфман со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3).
Ѓоковиќ со овој триумф дојде до нов успех и стана трет на листата со најмалку победи. За најдобриот тенисер во светот во овој момент ова беше 1.100 победа на АТП турнирите со што влезе во друштво на Џими Конорс и Роџер Федерер кои се над оваа граница.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред Ѓоковиќ сега следи напорна сезона, а тој со мислите е веќе кон главните турнири во оваа година, а приоритет ќе му биде настапот на Олимписките игри за Србија. Злато од едни ОИ е нешто кое недостасува во големата кариера на Новак.