Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Не е фер, не ми дадоа да бранам 4.000 поени!

Ѓоковиќ: Не е фер, не ми дадоа да бранам 4.000 поени!

Новак Ѓоковиќ на стартот на Ролан Гарос забележа победа, па ќе ја продолжи амбицијата за нов грен-слем. Сепак српскиот тенисер после вчерашниот меч изрази и разочарување, а причина беше одлуката на АТП да го казни Вимблдон.

Вимблдон забрани учество на руски и белоруски тенисери и поради тоа АТП го казни така што на тенисерите нема да им доделува поени за овој турнир. Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе остане без 2.000 поени и ќе го изгуби првото место.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За мене секако дека е проблем затоа што останав без можност да бранам 4.000 поени (со тие на Австралија Опен), не е фер. Од друга страна мило ми е што тенисерите се обединија и на АТП ќе му покажат дека прави грешка“, изјави Ѓоковиќ.

Во првиот меч на Ролан Гарос Ѓоковиќ го победи Јошихито Нишиока со 3-0 во сетови (6-3, 6-1, 6-0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…