Новак Ѓоковиќ по пласманот во второто коло на УС Опен, по мечот како и вообичаено даваше изјава за медиумите.
Победата против Молдавецот, Раду Албот за српскиот тенисер беше 78. триумф на теренот „Артур Еш“ во Њујорк и тоа е повеќе од било кој друг тенисер. Интересно е што и самиот Ѓоковиќ не знаел за ова достигнување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не го знаев тоа, да бидам искрен. Ова е најголемиот и најгласниот стадион што го имаме во тенисот. Кога го воведоа покривот, сигурно стана уште погласен, а со новите правила оваа година Публиката може да се движи наоколу… Сега е полноќ, сакам да играм вечерни термини, но не волку доцна. Ви благодарам на сите што сте тука“, изјави Ѓоковиќ.
Најдобриот светски тенисер на сите времиња го интервјуираше поранешниот играч Џејмс Блејк, кој истакна дека Ѓоковиќ има 37 години, но се движи како да има 21 година.