Дома Останати Ѓоковиќ најде нов тренер!

Ѓоковиќ најде нов тренер!

Новак Ѓоковиќ во вторникот се раздели со својот тренер Борис Бекер, со кого соработуваше три години, а според некои медиуми тој веќе пронашол нов тренер, кој ќе работи со него заедно со Марјан Вајда, кој со српскиот тенисер е веќе една деценија.

Соработката помеѓу Ѓоковиќ и Бекер резултираше со 25 освоени титули, од кои шест на Грен слем турнирите. Во овој период Ѓоковиќ испиша историја успевајќи да освои четири Грен слема во низа на три различни подлоги, подвиг кој засега е единствен во тениската историја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некои австралиски медиуми објавија дека нов тренер на Ѓоковиќ ќе биде австралискиот тренер Дарен Кејхил, кој во периодот 1985-1995 бил активен тенисер.

Сепак Кејхил многу поголеми успеси постигнал како тренер работејќи меѓу другите со Лејтон Хјуит, Андре Агаси и Енди Мари. Со него како тренер Хјуит стана најмладиот, а Агаси најстариот број еден во светскиот тенис.

Кејхил во текот на оваа година ја тренираше Симона Халеп и според медиумите поради договорот со Ѓоковиќ тој нема да ја продолжи соработката со Романката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал пријатно ги изненади фановите: Го потврди учеството на престижен турнир

Шпанскиот ветеран Рафел Надал како што најави ја игра својата последна сезона во кариерата…