Дома Останати Ѓоковиќ напушти интервју на „Би-Би-Си“: Кажав што имам да кажам🎥

Ѓоковиќ напушти интервју на „Би-Би-Си“: Кажав што имам да кажам🎥

Новак Ѓоковиќ славеше против Холгер Руне во осминафиналето на „Вимблдон“, а по мечот и се обрати на публиката.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Одреден дел од публиката постојано го провоцираше Ѓоковиќ во текот на мечот со извици како „Буууу“.

„За сите навивачи кои останаа, имам голема почит што се тука од сѐ срце. На сите оние кои избраа да не ја почитуваат играта, играчите и мене, им посакувам доообра ноќ“, изјави Ѓоковиќ.

Тоа предизвика големо внимание па Србинот доби неколку прашања за публиката на интервјуто од „Би-Би-Си“.

„Имате ли некои други прашања освен публиката? Дали сте фокусирани само на тоа? Дали имате прашања за натпреварот или нешто слично или фокусот е само на тоа? Прашавте веќе, кажав што имам да кажам“, рече Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неочекуван инцидент на теренот: Тенисер го навредуваше судијата и кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер направи сериозен инцидент на челинџерот во Италија, ка…