Дома Останати Ѓоковиќ му ги врати тениските терени на Белград, го затвора клубот

Ѓоковиќ му ги врати тениските терени на Белград, го затвора клубот

Новак Ѓоковиќ со својот потег ја шокираше српската јавност, откако реши да го затвори тенискиот клуб во Белград.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


 Ѓоковиќ во јуни ќе го врати својот тениски центар на градот Белград, а клубот престанува со работа.

Сите во клубот во белградската населба Дорчол биле информирани дека нивниот работен однос завршува на тој датум, а ќе остане само соработката со веќе спонзорирани играчи.

Центарот постои речиси 15 години, таму се одиграни седум АТП и еден ВТА турнири, како и многу помали натпреварувања. Честопати беше главната база за тренинг на Ѓоковиќ, како и за многу други тенисери.

Засега не се знае точната причина за ваквата одлука на Ѓоковиќ, се очекува наскоро некој од неговиот пиар тим или од семејството да даде соопштение за медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ доби ударен термин на стартот на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос ги објавија термините за натпреварите во недела, првиот ден …