Некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ потсети на своите најдобри денови и без многу проблеми го декласираше со 2:0 Мартин де Потро за полуфинале во Рим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ одигра повеќе од перфектен натпревар, во првиот сет не му дозволи на Аргентинецот да здивне и го доби со 6:1, додека вториот го одигра рутински и со само еден брејк славеше заслужена победа над големиот ривал.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Доминик Тим, кој вчера го елиминира Рафа Надал, додека за вториот патник во финалето ќе се борат, Александер Зверев и Џон Иснер.