Дома Останати Тенис Ѓоковиќ и понатаму е неверојатен: Вакво нешто им успеало само уште на пет тенисери

Ѓоковиќ и понатаму е неверојатен: Вакво нешто им успеало само уште на пет тенисери

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во мечот против Алексеј Попирин обезбеди пласман во осминафиналето на Вимблдон откако славеше со 3:1 во сетови. Но, во овој меч Ѓоковиќ успеа да дојде и до уште едно достигнување.

Имено, Новак успеа да ја пробие границата од 1.000 ас сервиси на Вимблдон и стана само шестиот тенисер на кого тоа му успеало. Пред Ѓоковиќ до 1.000 ас сервиси на еден од најголемите тениски турнир стигнаа: Роџер Федерер, Горан Иванишевиќ, Пит Сампрас, Џон Изнер и Иво Карловиќ.

По ова дефинитивно може да се каже дека Ѓоковиќ стигна и до друштвото на најдобри сервери во историјата, иако овој сегмент никогаш не бил нешто на кое премногу се потпирал Новак низ кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ чека разврска во Шангај: еден меч може многу да му го одреди патот кон Торино

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде 11-ти во трката за Завршниот мастерс, а исходот од фин…