Дома Останати Тенис Ѓоковиќ и покрај елиминацијата од Монте Карло ќе ја зголеми предноста на врвот

Ѓоковиќ и покрај елиминацијата од Монте Карло ќе ја зголеми предноста на врвот

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот во Монте Карло во второто коло, откако од него подобар беше Алехандро Давидович Фокина со 6-3, 6-7 и 6-1.

Добра вест за српскиот тенисер е тоа што нема да има влијание врз АТП-листата, односно разликата меѓу Ѓоковиќ и Данил Медведев ќе се зголеми. Ѓоковиќ ќе има 110 бодови повеќе од Русинот во текот на следната недела, па така на врвот ќе биде со вкупно 8.340 бодови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тие двајца во следната недела ќе бидат на самиот врв на листата, иако не можат да се пофалат со добри резултати во последно време.

Србинот одигра само два турнири оваа година и не беше ниту блиску до освојување на титула, додека Медведев се изгуби по поразот во финалето на Австралијан опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…