Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на ЛОИ во Париз, откако со 2:0 во сетови го победи Стефанос Циципас.
Ѓоковиќ мечот го отворија според очекувањата, првиот сет го доби со 6-3, и се чинеше дека лесно ќе ја заврши и оваа задача. Но, во текот на вториот сет српскиот тенисер имаше проблеми со коленото поради што побара медицинска помош. Циципас водеше со 4-0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новак не се предаде. Стигна до 4:5 кога Циципас на свој сервис водеше со 40:0 и имаше три сет топки, но не ги искористи, па Ѓоовиќ го доби и вториот сет.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Лоренцо Мусети кој го победи Зверев.