Дома Останати Тенис Ѓоковиќ и без титули доминира на АТП листата

Ѓоковиќ и без титули доминира на АТП листата

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 421 недела на врвот на АТП листата и на тој начин продолжи да го зголемува сопствениот рекорд иако не успеа да го освои турнирот во Монте Карло.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Најдобриот светски тенисер беше поразен во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло што беше доволно да ја зголеми предност пред второпласираниот Јаник Синер. Ѓоковиќ сега има 10,035 поени, односно 1,285 повеќе од Синер.

Зад Ѓоковиќ и Синер следат: Шпанецот Карлос Алкараз, Русинот Данил Медведев и Германецот Александар Зверев.

Каспер Руд кој играше во финалето напредуваше за четири позиции и сега е шести, додека шампионот на овој мастерс Гркот Стефанос Циципас се врати во топ 10 тенисер во светот, сега е на седмната позиција. Место помеѓу најдобрите десет се уште: Рубљов, Хуркач и Димитров.

Најдобрата „десетка“ во светот ја комплетираат Русинот Андреј Рубљов, Полјакот Хуберт Хуркач и Бугаринот Григор Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ги „запали“ социјалните мрежи, погледнете како ќе настапи на Ролан Гарос (Видео)

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, повторно е во центарот на вниманието, овој…