Дома Останати Тенис Ѓоковиќ имаше среќа: Доби одличен ждреб на Австралија Опен!

Ѓоковиќ имаше среќа: Доби одличен ждреб на Австралија Опен!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги дозна своите пртовниците во трката по 22. Гренд слем титула во кариерата.

Ѓоковиќ е четврти носител на ждрепката и во првото коло ќе игра против шпанскиот тенисер Роберто Карбељас Баено, а во второто коло ќе оди на Уго Делен или квалификант. Третото коло на Ѓоковиќ може да му донесе дуел со Аслан Карацев или Ласло Ѓере.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во осминафиналето противници може да му бидат домашниот тенисер Алекс де Минор, Григор Димитров или Пабло Карењо Буста. Четвртфиналето би можел да донесе прв посериозен предизвик против Рубљов или Кирјос, секако ако тие ги поминуваат своите ривали.

Новак избегна евентуални дуели пред финалето со Медведев, Циципас и Надал, па така на неговата страна најдобро рангиран тенисер е Каспер Руд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…