Новак Ѓоковиќ неодамна ја освои рекордната 23. грен-слем титула во кариерата откако славеше на Ролан Гарос и за многумина по овој успех тој стана најдобриот тенисер во историјата.
Освен што освојува титули, Ѓоковиќ сака да испрати вистинска порака до луѓето во светот. Менаџерот на Ѓоковиќ, Едуардо Арталди откри дека Ѓоковиќ имал многу понуди да рекламира обложувалници и алкохол, но неговиот одговор секогаш бил ист „не“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ѓоковиќ сака светот да биде подобро место за живеење. Добил многу понуди од обложувалници и алкхолни пијалоци, но секогаш е јасен: Можат да ми понудат и милијард долари, никогаш нема да ги рекламирам, имам одговорност како најдобар тенисер во светот. Не смеам да испраќам погрешна порака до милиони луѓе“, открил Арталди.
🏆 Forever raising the bar 🏆@DjokerNole masters Casper Ruud 7-6(1), 6-3, 7-5 to win a third Roland-Garros title and an unprecedented 23rd Grand Slam men’s singles title.
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2023
⁰#RolandGarros pic.twitter.com/9IfTi39alB