Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за елиминацијата: Не смеев да си дозволам да изгубам ваков меч

Ѓоковиќ за елиминацијата: Не смеев да си дозволам да изгубам ваков меч

Новак Ѓоковиќ беше поразен од Шпанецот Роберто Баутиста Агут во четвртото коло на Мајами, па втора сезона во низа испаѓа во раната фаза на првите два Мастерси.

Поразот од Агут изгледа му даде причина на Новак сериозно да размисли и да ја анализира својата игра бидејќи не се прослави и на Индијан Велс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не ми е прв пат рано да изгубам во првите два Мастерса. Така е овие две последни сезони. Дефинитивно ќе мора да размислам како ќе се припремам за Индијан Велс и Мајами следната година“, изјави Ѓоковиќ.

Во дуелот со Агут искористи само четири од 13 брејк шанси, кога ќе пропуштите толку многу брејк шанси поразот е неизбежен.

„Тој е добар играч. Му честитам на одличното враќање во мечот. Но ваков меч не смеев да си дозволам да изгубам. Имав многу прилики, но ги пропуштив. Кога нема да искористите толку многу шанси се завршува вака како што се заврши“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…