Дома Тенис Ѓоковиќ загуби од Руне, па се жалеше на условите за игра

Ѓоковиќ загуби од Руне, па се жалеше на условите за игра

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерсот во Рим откако загуби во четвртфиналето од Холгер Руне.

Руне го совлада српскиот играч со 6:2, 4:6, 6:2 и во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Аргентинецот Франциско Черундоло.

Ѓоковиќ во текот на мечот покажуваше нервоза, се расправаше со својот тренер Иванишевиќ, а потоа се пожали на условите за игра.

„Условите за игра беа ужасни. Многу е бавна подлогата. Ова е веројатно најладниот и најврнежлив ден во Рим на којшто сум играл. Многу дожд и мека подлога. Руне е брз, динамичен, искрено беше подобар. Лошо го отворив третиот сет и тука мечот се прекрши, заслужена победа на Руне“, изјави Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…