Дома Останати Тенис Ѓоковиќ е пред тешка одлука – време нема многу!

Ѓоковиќ е пред тешка одлука – време нема многу!

Новак Ѓоковиќ се мачи оваа сезона и не игра на нивото од претходната, па затоа и се уште е без титула во 2024, а го загуби и првото место. Но, има проблеми Ѓоковиќ и со повредите.

Се повреди на Ролан Гарос и по откажувањето на настапот го загуби првото место. Таа повреда дојде во најлош момент за српскиот ас бидејќи пред него се Вимблдон и Олимписките игри.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вимблдон започнуван а 1. јули и во овој момент не е јасно дали Ѓоковиќ ќе настапи. Во изминатите денови тој е во Белград каде што се обидува да ја одржи формата по операцијата на коленото.

Многу брзо Ѓоковиќ ќе треба да донесе одлука – да ризивкува влошување на состојбата пред Олимписките игри или да загуби 1.200 бода и така да падне дури на петтата позиција на АТП.

Секако не е познато и дали коленото на Ѓоковиќ ќе биде во оптимална состојба до 1. јули и колку ќе има време да се подготви за настап на трева. Минатата година тој го освои турнирот, па затоа ќе загуби 1.200 бода.

Од друга страна познато е дека летово најголема цел на Ѓоковиќ е Олимпиското злато кое го нема освоено. Но, споменатиот можен пад на петтата позиција за Ѓоковиќ може да донесе и потежок ждреб за олимпискиот турнир во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …