Новак Ѓоковиќ повторно е мета на критики, во прашање е поранешниот број еден и финалистот на Австралија Опен, Марсело Риос.
Риос го нарече Ѓоковиќ „крал на глупостите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Неверојатно е да пропуштиш таква шанса да влезеше во историјата и сето тоа да му го препуштиш на Надал поради вакцина. И јас гледав со резерва на вакцинацијата, но кога сфатив дека не можам да патувам без неа нормално дека се вакцинирав. Сфаќам дека на почетокот се плашеше, но сега е само арогантен“, смета Риос.
Според него Надал ќе направи разлика во грен-слемовите која Новак нема да може да ја стигне до крајот на кариерата.
Пред Ѓоковиќ сега е турнирот во Монако каде што живее веќе десет години, а ќе биде интересно да се види во каква форма е српскиот тенисер за овој турнир.