Дома Останати Ѓоковиќ експресно во полуфинале во Париз

Ѓоковиќ експресно во полуфинале во Париз

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓокобиќ без поголеми проблеми го совлада Стефанос Циципас со 6-1 и 6-2 и се пласираше во полуфинале на Местерсот во Париз.

Ѓоковиќ со победата се одмазди за поразот во Шангај, и му дозволи само три гејма на Стефанос Циципас.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првиот сет, Ѓоковиќ направи два брејка за убедлив триумф од 6:1, додека во вториот сет Циципас беше нешто подобар, освои два гема на свој сервис но немаше сили за ништо повеќе.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде Григор Димитров, кој претходно триумфираше против Кристијан Гарин од Чиле со 2-0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гробари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…