Антидопинг правилата во тенисот стануваат се построги, а од тоа е задоволен и еден од најдобрите играчи, не само на денешницата, туку и во историјата – Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер пред неколку дена го критикуваше велосипедизмот каде што една од најголемите ѕвезди како што е Ленс Армстронг е фатен во измама.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Ѓоковиќ ја повикува антидопинг комисијата да го тестира и 30 пати годишно.
„Можеби антидопинг правилата се нешто построги во тенисот, но тоа е чесно, барем од моја преспектива. Немам ништо против тоа да ме тестираат и 30 пати годишно доколку толку пати ги тестираат и останатите“.
„Верувам дека тенисерите се помеѓу најчистите спортиси на светот и немам ништо против тестирање. Немам ништо против тоа кога бараат примерок од крвта, но преферирам да биде преку урина бидејќи игли не сакам баш многу“, изјави Ѓоковиќ.