Новак Ѓоковиќ иако не игра во најдобра форма сепак и понатаму руши рекорди.
Во исчекување на првата титула во сезоната, Ѓоковиќ го надмина Роџер Федерер. Српскиот тенисер стана најстариот играч во историјата кој бил на врвот на АТП листата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓоковиќ со 36 години и 321 дена го надмина Федерер кој на 24-ти јуни 2018 госина имаше 36 години и 320 дена. Сега колку подолго Ѓоковиќ ќе остане на врвот, рекордот само ќе се подобрува.
За првпат на врвот на АТП листата Ѓоковиќ дојде во 2011 година кога имаше 24 години, а утре ќе ја започне 420-та недела на врвот. Зад него се Федерер со 310, Сампрас со 286 и Лендл со 270.