Дома Останати Тенис Ѓоковиќ денес и официјално испиша нова историја!

Ѓоковиќ денес и официјално испиша нова историја!

Беше познато уште од првото коло на завршниот Мастерс, а денес Ѓоковиќ и официјално ја започна својата 400. Недела на врвот на АТП листата со 11.245 бодови.

Ѓоковиќ од претходно е рекордер, но сега ги помести границите бидејќи никој во историјата не успеал да стигне ниту приближно до оваа бројка. Најблиску до Ѓоковиќ е Федерер со 310 недели како прв светски тенисер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така веќе е јасно дека Ѓоковиќ ќе биде и 100 недели пред Федерер затоа што обезбеди барем уште 10 на челната позиција. Алкараз е зад него со 2.390 бодови помалку.

На листата зад Алкараз се Медведев со 7.600, Јаник Синер со 6.490 и Андреј Рубљов со 4.805.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …